Loading Video...
Ракомет
21. September 2020 - 19:45

ЛШ: Одложен дуелот Вардар - Елверум

ЕХФ денеска го одложи натпреварот од 2. Коло од ЛШ пормеѓ Вардар и Елверум што беше закажан за 24 септември во Скопје. Оваа одлука предизвика големи реакции во редовите на европскиот првак.

            Како што се вели во образложението од европската ракометна федерација причина се рестрикциите од страна на државата Норвешка која пропишува задолжително задржување во карантин по враќањето од Македонија.  Во писмото од ЕХФ до клубовите се објаснува дека целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во ЛШ каде сезоната во групната фаза е предвидено да трае до крајот на февруари 2021г. 

          ЕХФ во договор со клубовите најави  нов датум за одржување  на средбата.

          На оваа одлука реагираа од Вардар каде појаснуваат дека не можат да влијаат врз одлуката на Норвешката влада но дека е потребен исклучок за спортските тимови.  Особено што во Скопје се обезбедени сите услови за непречено одвивање на натпреварот според протоколите на здравствената комисија и сместување на ракометарите на Елверум во изолиран хотел.

          Затоа од Вардар бараат за да не се прават проблеми со календарот особено што стартува СЕХА лигата оваа одлука да се ревидира и натпреварот со Елверум да се одигра во предвидениот термин.