Фудбал
7. April 2016 - 9:04

ЛШ: Реал поразен во Волфсбург

Волфсбург се мачи во Бундеслигата, речиси ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, но тоа не му пречеше да го надигра Реал. Играчите на „кралскиот клуб“, кои во саботата одиграа брилијантен тактички меч и славеа во Барселона, го потценија противникот и тоа им донесе пораз од два гола.
 
Родригез од пенал во 18-та и Арнолд во 25-та минута му ја обезбедија победата на Волфсбург.
 
Инаку голот кој го прими Кејлор Навас во 18-та минута беше прв по 738 минута во Лигата на шампионите. На стартот судиите му поништија гол на Роналдо.