Ракомет
4. March 2017 - 22:01

ЛШ: Вардар загуби од Мешков Брест

Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест со 30:26 и со тоа не ја  искористи првата шанса да го завери првото место во групата Б од Лигата на шампионите.
 
„Црвено-црните“ добро го отворија денешниот дуел, но по дваесетина минути домаќините ја преземаа иницијативата и на полувреме заминаа со предност од два гола (15:13).
 
Набрзо по стартот на вторите 30 минути белорускиот шампион предноста од полувремето двојно ја зголеми и ја задржа до крајот на натпреварот.
 
Игор Карачиќ и Иван Чупиќ беа најефикасни кај македонскиот тим со по пет голови, додека кај домаќините Владислав Остроушко и Џанис Криштопанс постигнаа по седум погодоци.
 
Табела: Вардар 18 бода, Рајн Некар Левен 17, Киелце 16, Пик Сегед 15, Мешков Брест 14 бода, Цеље 9, Кристијанштад 8 и Загреб.
 
Во последното 14.коло Вардар ќе игра во Скопје со Кристијанштад и со победа ќе си обезбеди директен пласман во четвртфиналето од елитното натпреварување.