-->
-->
Мачка се вратила дома по 15 години
-->

Кога мачката Јода исчезнала пред 15 години нејзината сопственичка Хелен Волс мислела дека никогаш повеќе нема да ја види. По цели 15 години Јода се вратила дома и ја оставила сопственичката без зборови.
Имено Хелен примила повик од ветеринарот, кој ја воодушевил со вестите за Јода.
- Кога видов дека ослабнала и изгледаше уморно, заплакав. Ветеринарот ми објасни дека остарела и загубила на тежина, но се врати дома и пресреќна сум!, изјави Хелен, која пред 18 години купила две слатки мачиња за својата ќерка Емили.
Емили била голем обожавател на серијалот „Војна на ѕвездите“, поради што мачката ја нарекла Јода, а другата Фурби. Инаку една од причините за заминувањето на Јода, било дивото однесување на Фурби, „алфа“ мачка во семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
