Мадуро бара нов Устав, претседателот на Парламентот го обвини за државен удар
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро побара донесување нов Устав, кој би го составилo „народно тело“, со што би се заобиколил Конгресот составен од опозициските партии.
Тој пред своите приврзаници во главниот град Каракас истакна дека тој потег „ќе го блокира фашистичкиот удар“, кој и се заканува на државата.
Според Мадуро, новиот ентитет кој ќе го пишува Уставот треба да биде составен од граѓани, а не од политички партии и тоа би било „народно конститутивно тело“.
Ваквиот потег Мадуро го образложи со потребата за обновување на мирот и спречување на политичките противници во обидот да извршат државен удар.
- Неуморно ќе се борам за мир преку уставните механизми кои ми се на располагање, нагласи шефот на државата на седница на Советот на министри во претседателската резиденција.
Тој додаде дека членовите на Уставното собрание ќе бидат избрани преку директно гласање на граѓаните, истакнувајќи дека верува во политичката толерантност и во демократијата. Мадуро ја обвини опозицијата дека „не сака дијалог“.
Претседателот на Националното собрание, кое е под контрола на опозицијата, Хулио Борхес изјави дека свикувањето на Уставното собрание претставува државен преврат.
- Тоа е најсериозен државен удар во историјата на Венецуела и ние го повикуваме народот на бунт, истакна Борхес, повикувајќи ги граѓаните да продолжат со протестите и да се борат за своите права.
Десетици илјади луѓе веќе еден месец протестираат низ улиците на Венецуела и бараат заминување од власт на претседателот Мадуро.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион