Мајка и ќерка се оперирале да изгледаат исто,но наместо убави станаа страшни
Џорџина и Кајла, мајка и ќерка од Велика Британија, сакале што повеќе да личат една на друга, па отишле на пластичен хирург.
Но тоа не е ниту половина од нивната бизарна приказна. Овие две жени досега потрошија над 88.000 долари на операции, а во видеото 20-годишната Кајла објаснува дека првите операции ги направила кога почнала да се занимава со стриптиз на свои 17 години и притоа запознала спонзор кој секоја недела и давал пари.
Тие пари ги користела за свои операции како и за мајка и.
-Не ми пречи што Кајла има спонзор или се занимава со стриптиз за да ги платиме пластичните операции зошто го живееме својот сон, вели нејзината 38-годишна мајка Џорџина.
-Да, се согласува Кајла и додава: Знаеме како сакаме да изгледаме.
Тие досега ги зголемија градите и устите, имаат филери во образите, полутрајна шминка, екстензии на косата, избелени заби и неизоставната надградба на нокти и тен од солариум
-Кајла и јас се работиме заедно, а тоа вклучува и пластични операции. Ни се допаѓа да изгледаме исто. Дури купуваме и иста облека, вели мајката.
Навистина сум среќна што имам ќерка како Кајла која ме разгалува и ми плаќа операции. Го живеам сонот. Толку сум среќна. Многу сум горда на неа, додава таа.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска