Македонија
4. April 2020 - 19:45

Мајката на 4 месечното бебе од Кочани бара одговор за причините за смртта

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани, кое почина пред два дена, бара одговор од надлежните која е причината за смртта. Прв пат на преглед го однеле на 29-ти март. Докторите им рекле дека бебенцето има болки во грлото и секрет во носот и им препишале терапија со сируп.

И од бебето и од мајката биле земени брисеви за тестирање за КОВИД-19. Додека биле во болница усно им кажале дека немаат коронавирус, но тие сè уште не добиле официјални резултати за смртта на четиримесечното бебе, кое почина на 2 април, вчера известија од СВР Штип.

Во 15.55 часот во Полициската станица Кочани, од Јавната здравствена установа во Кочани било пријавено дека околу 15.10 часот за укажување на лекарска помош од страна на родителите било донесено дете на возраст од околу четири месеци. Околу 16.00 часот, и покрај укажаната лекарска помош, детето починало.

По наредба на Основното јавно обвинителство била извршена обдукција, по што телото им било предадено на родителите.