Македонија без мерки за Омикрон, поделени мислења околу стимулацијата за матичните
Задоцнета и понижувачка. Вака дел од матичните лекари ја оценија новата мерка – 30 денари по пациент да добиваат матичните лекари кои имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти. Велат дека и досега без ваква стимулација тие ги едуцирале граѓаните.
Лазаров смета дека во моментов каква мерка и да се донесе, одредена популација во земјава, тешко ќе може да се убеди дека треба да се вакцинира.
Според пулмологот Мехмедовиќ, предлогот е добар, но требало порано да се донесе.
Очекува дека со време ќе почне да се разгледуваат поригорозни мерки поради новиот сој Омикрон, кој веќе е присутен во повеќе држави.
Министерот Филипче вчера посочи дека нови мерки ќе се разгледуваат на владина седница во вторник, кога ќе биде предложена и стимулативната мерка за матичните лекари.
Во меѓувреме се уште виси предлогот за задолжителна вакцинација во здравството и препораката за имунизација во приватниот и јавниот сектор.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар