Mакедонија го чествува празникот Успение на Пресвета Богородица
Да и благодариме на Мајката Богородица што ни покажа како да го следиме патот на вистината и животот, патот на Господ Исус Христос. Богородица заминала со телото пред 2000 години, но оставила ветување дека нема да го остави човечкиот род и ќе приоѓа на помош на секој кој со искрена вера ќе ја повикува, порача архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан на свечената литургија по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Верниците во храмовите запалија свеќа и да се помолија за здравје. Сите добија лепче и наполнија светена вода..
А од 2003-та традиционално на овој ден се одржуваат и крводарителски акции. Очекувањата се повеќе од 200 граѓани да даруваат крв, бројка која секоја година се зголемува.
Богородица важи за заштитничка на жените, мајките, леунките, рударите, но и на сите граѓани на градот Скопје. Според христијанскиот календар, Голема Богородица е празник со кој почнува периодот на домашните слави и воздигнувањето на сите светители.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар