Македонија и Грција потпишаа програма за билатерална воена соработка за 2021 година
Помош и поддршка за прашањата поврзани со интеграција на армијата на Македонија во НАТО структурите, обука и едукација во центри на грчката армија, соработка за низа теми од заеднички воен интерес, вклучува програмата за билатерална воена соработка за 2021 година потпишана меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
– Со потпишувањето на конкретната програма дополнително се надградува воената соработка и интероперабилноста меѓу вооружените сили на двете земји со спроведување како на заеднички вежби, така и оперативни активности. Во исто време, се истакнува клучната улога на Грција во брзата и ефикасна интеграција на соседната земја во механизмите на Алијансата, факт што ги промовира безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Балканот, соопштуваат од Генералштабот на грчката армија за потпишаната програма.
Поконкретно, програмата вклучува помош во прашањата поврзани со интеграција на армијата на Македонија во структурите на Алијансата, вклучува прашања за едукација и обука во грчки воени институции и школи на трите сектори на вооружените сили, обезбедување на специјализирана обука во неколку центри како што е Мултинационалниот тренинг центар за поддршка на мировни операции и Центарот за воздушна и ракетна одбрана, активности за понатамошна надградба на соработката во специјалните операции со спроведување на заеднички обуки во двете земји, како и соработка за сајбер просторите, информациите, воена медицина и логистиката.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците