Бизнис
6. February 2023 - 16:30

Македонија се претставува пред инвеститори за задолжување со еврообврзница

Нова еврообврзница во игра. Македонија денеска се претстави пред потенцијалните инвеститори на повикот кој го органзиираше Дојче Банк, Сити Банк и ЏП Морган. 

Но, на првиот ден нема заинтересирани купувачи. Неофицијално земјава сака да издаде 4 годишна еврообврзница, вредна околу половина милијарда евра. Адутот на владата за издавање еврообврзница се непроменетиот кредитен рејтинг од Стандард и Пурс, ББ-, како и од Фич, ББ+, со негативен изглед. 

Од Министерството за финансии веќе најавија дека буџетскиот дефицит во државната каса ќе се финансира со задолжување дома, но и во странтсво. 

Инаку, Владата на седница веќе ја усвои информацијата за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на меѓународниот пазар оваа година. Станнува збор за продолжување на процесот кој беше предвиден минатата година, но паднаа во вода затоа што каматата беше висока. 

Дали ќе се издаде сега и по која камата, најверојатно ќе се знае наредните денови. Ианку во моментов земјава има на располагање пари од ММФ, преку кредитната линија за претпазливост и ликвидност, и 50 милиони евра од Европската Унија, како и дополнителни 80 милиони евра, кои ги најави премиерот Ковачевски, а ги договорил вицепремиерот Маричиќ минатата недела во Брисел.