Македонија
20. May 2022 - 16:36

Македонија се согласи Шведска и Финска да станат членки на НАТО - Турција засега на попушта

Апликациите се поднесени, но консензус се уште нема. Ситуација добро позната за Македонија, а сега и за Шведска и Финска. Нивниот влез во НАТО е блокиран, а овојпат проблем е Турција. Шведската амбасадорка во земјава смета дека е потребен итен прием на двете земји во Алијансата за да се обезеди мирот и стабилноста на Европа. За тоа постои политичка поддршка во Шведска вели таа, а приемот би бил под итна постапка, без рефрендум.

Но и покрај драматичната состојба во Украина, претседателот Ердоган и натаму го блокира пристапувањето на двете скандинавски земји во НАТО под изговор дека ги протежираат курдскиот сепаратизам и тероризам, а од властите во Стокхолм како знак на добра волја бара испорака на 30 терористи. Во целата ситуација посредуваат американскиот престедател Бајден и генералниот секретар на Алијансата Столтенберг, со очекување брзо ќе се најде решение и двете земји ќе станат членки на Атлантскиот Сојуз. Во меѓувреме Москва најави дека како одговор на најавеното проширување на НАТО, ќе постави 12 нови воени бази на западот од Русија за да ги зацврсне границите.