-->
-->
Македонија тренира во Плзен
-->
Ракометната репрезентација на Македонија попладнево го одработе тренингот во салата во Плзен каде утре со почетокот од 14.25 часот го игра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2018. Домаќин на нашата селекција е Чешка, која во првото коло загуби од Исланд. Избраниците Лино Червар дуелот и победата над Украина веќе ја ставија во архива и сите мисли се насочени кон утрешниот дуел. Во нашиот табор истакнуваат дека за да се стигне до позитивен резултат против Чешка ќе мора да се одигра многу добро и подговорно во одбраната, и по можност Македонија да наметне игра.
Домаќинот Чешка исто како и Македонија без многу одмор влегува во дуелот од 2.коло, а на денешниот тренинг со тимот не работеше Филип Јиха. Чешка е подготвена да ни се одмазди за јунскиот пораз кога останаа без пласман на Светското првенство во Франција. Червар во Плзен има 17 играчи и вечерва по состанок ќе реши кој ќе остане на трибините. Покрај 16-те играчи што играа против Украина во чешка допатува и Ристо Арнаудовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Пробиштип книги на жалост за тројцата загинати во дискотеката во Кочани
-
Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
-
32 часа работа, 11 пати од Кочани до Скопје возел Илчо од Итна помош кој почина на спиење
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повикува на сплотеност и молитва за настраданите во Кочани
-
На уште едно лице му е определен притвор за пожарот во Кочани
-
Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации
-
Американскиот суд ги блокираше кратењата на Маск на УСАИД
-
Приведен градоначалникот на Истанбул во антикорупциска акција