Loading Video...
Македонија
23. May 2024 - 16:38

Македонија во фокусот на грчката јавност

Македонија во фокусот на грчката јавност во пресрет на изборите на 9 јуни. Премиерот Мицотакис повторно предупредува дека мора да се почитува Преспанскиот договор. Во интервју за утринско шоу вели дека властите во Македонија мора да разберат дека предизборниот период кај нас е завршен и мора да се сериозни и да го почитуваат договорот.

Вели, доколку властите продолжат да користат само „Македонија3 тоа ќе значи меѓународна изолација.

-Верувам дека ќе се изврши голем притисок, веќе имаше реакција од претседателот на Комисијата по грчката интервенција. Грција не е изолирана, Скопје е. Верувам дека ќе се прилагодат бидејќи сакаме добри односи, вели Мицотакис.

Грчките медиуми пишуваат за провокации од македонска страна. „Продолжуваат провокациите од Северна Македонија“ е најчестиот коментар во грчките медиуми.

За државната ЕРТ спорно е што на веб-страницата на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова се користи името „Македонија“, а не „Република Северна Македонија“. Но линкот „Македонија“ води до друга страна каде се користи уставното име на државата.

Дел од медиумите повторуваат на изјавата на идниот мандатар за состав на новата Влада, Мицкоски, дека во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“. Но спорно е и што по средбата со австрискиот амбасадор, во објавата на Фејсбук профилот на Мицкоски е употребено името Македонија.

Заострувањето на реториката во Грција доаѓа откако претседателката Силјановска Давкова ја изостави „Северна“ во свечената заклетва. Државата во моментот е во предизборен период, па Македонија често се користи во политичката реторика и на власта и на опозицијата.