Македонија
17. December 2025 - 16:40

Македонска делегација во Брисел

Потврда на стратешкиот интерес на Европската унија за проширување со државите од Западниот Балкан е она што се очекува од денешниот попладневен самит на ЕУ за западен Балкан во Брисел. Со состанокот претседава претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, а на наго учествуваат претствници од 4 држави кандидати или аспиранти за членство во Унијата од регионот – Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Србија за прв пат одлучи да не испрати свој претсваник.

На Самитот ќе учествува високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски заедно со шефот на дипломатијата Муцунски и министерот за европски прашања Муртезани.

Освен пропратните иницијативи за постепена интеграција во Унијата, како и европскиот План за раст, како што потврдуваат од македонската делегаација отворено ќе се зборува и за билатералните прашања кои го блокираат македонскиот европски пат. Од Владата децидни дека политичките прилики во соседна Софија нема да предизвикаат застој во европската реформска агенда на државата.

Заедничките самите на ЕУ – Западен Балкан се одржуваат од 2018 година. Овој состанок треба да заврши со заедничка Декларација во која ЕУ ќе ја потврди својата целосна недвосмислена посветеност за членство на западниот Балкан,како и важноста од напредок во реформите, добрососдеските односи и усголасувањето со европскотот законодавство.