Македонија
22. February 2022 - 11:02

Македонски автобус изгоре во Германија

Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгоре во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, а сопственикот Станко Цонев се сомнева на нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.

-Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат – вели Цонев за „Експрес.мк“.