Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое го поддржа учеството, при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на сортата Вранец.
- Виното Вранец е наш најголем репрезент со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет, наведува МЗШВ.
„ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и алкохолни пијалаци во Европа на кој своите вина ги промовираат 6.000 изложувачи од 50 вински земји во светот. Секоја година брои повеќе од 50.000 бизнис посетители.
Македонскиот национален штанд и оваа година е финансиски поддржан од Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2017 година, додека поддршката на здружението „Вина од Македонија“ е во рамки на активностите на МЗШВ за промоција на македонското вино на интернационалните пазари.
Ново на Сител
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
-

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран
-

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување
