Loading Video...
Фудбал
9. јуни 2022 - 11:22

Македонските фудбалери пред своите симпатизери ќе атакуваат на победа против Грузија

Најдобрата фудбалската репрезентација на Македонија вечерва пред своите навивачи во Скопје, ќе го одигра третиот натпревар во Лигата на нациите. Противник е селекцијата на Грузија 
 
Грузијците во овој натпревар влегуваат како прворангирана селекција во нашата група, и тоа со двете убедливи победи во кои постигнаа дури девет голови. 
 
Тоа е големо предупредување за нашата одбрана дека мора максимално фокусирано и борбено, да се влезе во секој дуел на нашата половина, а особено тоа важи за нашиот голман Столе Димитриевски.
 
„Јас сум пресреќен кога играм на домашен терен, чувството е различно кога играш пред својата публика. Би сакал стадионот да биде полн и да добиеме најголема поддршка досега, затоа што со поддршката од публиката и со нашиот квалитет ќе славиме со Грузија. Се подготвувам за секој натпревар да го дадам максимумот и да имам „чиста мрежа“. Тој е мојот принцип кога ќе влезам во еден натпревар. Не ме плаши што Грузија доаѓа во Скопје со пет гола, затоа што знам какви квалитети имаме во дефанзивата. Мислам дека ако не примиме гол, ние ќе бидеме победници“, изјави Димитриевски.
 
Селекторот Милевски смета дека проивникот има долични поединци, но дека на вечерашниот дуел сепак се ќе зависи од неговите избраници.  
 
„Грузија има одлични индивидуалци, со Бугарија го покажаа тоа, но секој натпревар е приказна за себе и ќе видиме што ќе биде на дуелот кој ни следи. Претходниот меч кој го игравме со Грузија за мене нема никаква конекција и не би се навраќал со тоа. Околу тимот на противникот и како тим и индивидуално имаат квалитет, кој, ако дозволите, може да преовлада, но тоа ќе зависи од нас и мислам дека Македонија ќе се прашува во овој меч за конечниот исход“, вели селекторот Милевски.
 
Натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје. меѓу Македонија и Грузија ќе започне во терминот од 20:45 часот, термин во кој својот натпревар од ова 3.коло на Ц4 конкуренцијата ќе го играат и Гибралтар и Бугарија.