Бизнис
12. November 2019 - 20:10

Македонските и чешките текстилци на бизнис форум во Штип

Македонските и чешките текстилци на денешниот бизнис форум во Штип сметаат дека иднината на оваа индустриски гранка е во долгорочната меѓусебна соработка.

Ќе се остварат нови контакти, нови можности за соработка, коишто ги сметаме за плодови и токму тоа е целта на овој денешен бизнис форум, изјави МИРОСЛАВ ТОМАН, АМБАСАДОР НА Р. ЧЕШКА

Во Чешка, текстилниот сектор е во стагнација, поради недостаток на квалификувана работна сила. Проблемот пробале да го решат со увоз на работници од Украина, но се покажало како контрапродуктивно. Од друга страна, не можат да најдат домашни работници, зашто невработеноста во земјата е само 2,6 %.

Ние сметаме дека е подобра меѓународната соработка, во смисла на тоа дека производството би се споделило, а не да се примаат работници од други земји. Тука го гледаме македонскиот пазар, како природен пазар, каде што би сакале да соработуваме, изјави ЈИРЖИ ЧЕСАЛ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ЧЕШКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ТЕКСТИЛ И ОБЛЕКА-АТОК

Соработката со нашите текстилци ќе биде во насока на производство на облека од чешки брендови во Македонија.

И втора насока во делот на набавка на технички материјали, за кое што тие имаат доста развиено производство, а ние како производители на облека, заштитна облека и работен програм, имаме интерес да ги набавуваме овие материјали - изјави НАТАША СИВЕВСКА, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕОДОНСКИОТ ТЕКСТИЛЕН КЛАСТЕР.

Во Чешка просечната плата во текстилната индустрија е 1000 евра, а во секторот за производство на облека над 700 евра.