Спорт плус
7. April 2025 - 11:38

Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали

Македонските кикбоксери од WAKO Eвропскиот кикбокс куп  „Гранд при Сараево 2025“ кој се одржа викендов од 4-6.април 2025 во Сараево, БИХ се враќаат со 56 медали, 49 медали од официјалнит Eвропски куп Гранд При Сараево 2025 и 7 од отворениот куп за почетници од кој 15 златни, 16 сребрени и 25 бронзени.

Нашата земја настапи со 89 натпреварувачи во 93 влезови од 19 македонски кикбокс клубови.  

Тимовите ги предводеше претседателот на нашата Кикбокс Маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски Урко сo одбрана тренерската екипа составена од 23 тренери а судеа и нашите меѓународни судии Неделковска, Бубески и Симјановски.

На овој исклучително квалитетен европски кикбокс куп учество земаа 801 натпреварувачи во 938 влезови од 181 клубови од 20 држави. Купот е еден од куповите на кои се врши рангирање на спортистите за претстојните официјални првенства и секако е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и одмерување на силите на нашите кикбоксери со најдобрите европски противници.  

Во склоп на европскиот куп се одржа и куп за деца и помлади кадети “Сараево гранди при опен куп 2025” на кој настапија 14 наши млади спортисти каде нашите најмлади кикбоксери освоија 7 медсли од кој 2 злата, 3 сребра и 2 бронзи. На овој куп учество земаа 189 младинци во 211 влезови од  58 клубови од 9 држави.

- Како претседател и водач на репрезентацијата задоволен сум од севкуптниот исход од ова првенство. Овие првенствва ни се потребни за напредокот на нашите борци. Сакам да напоменам дека имаме одлуичен тренерски тим и создаваме одлични борци. Слободно можам да потврдам како и секогаш дек Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија е најмасовна и најуспешна федерација и дека кикбоксот е национален спорт број еден во Македонија. Им благодарам на сите кои не подржуваат и веруваат во нас, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко.