Loading Video...
Кошарка
17. July 2021 - 16:59

Македонските кошаркари ги одработуваат базичните подготовки

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија трет ден е во Маврово каде ги одработува базичните подготовки за претстојниот квалификациски турнир. 
 
Со видно изменет состав во кој се приклучени повеќемина млади кошаркари, македонската сениорска репрезентација се подготвива за предквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2023 година. 
 
Еден од неколумината помлади играчи кои добија повик во сениорската репрезентација е и Лејсон Зекири. 
 
„Овде има многу поискусни кошаркари од кои можеме многу да научиме, само треба вредно да тренираме во следниот период. „Одлично е тоа што играме на домашен терен затоа што во старт ќе имаме предност во однос на ривалите. Сметам дека репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите“- вели Зекири
 
Откако во Маврово ќе ги одработат физичките подготовки, кошаркарите се враќаат во Скопје, каде ќе ги финализираат подготовките со два контролни натпревари против Црна Гора, кои ќе бида последна проверка за избраниците на новиот селектор Баиќ пред квалификацискиот турнир што ќе се игра од 12 до 18 август во нашиот главен град, на кој црвено-жолтите за противници ќе ги имаат селекциите на Словачка и Швајцарија