Loading Video...
Ракомет
29. April 2021 - 15:44

Македонските ракометари го потврдија пласманот на ЕП

Машката македонска ракометна репрезентација и дефинитифно обезбеди ново учество нза завршницата на Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
 
Ова е епилогот по одиграните натпревари од претпоследното 5.коло во квалификациската група 7 во која Македонија славеше победа на гости кај Финска, додека фаворизираната Данска се изнамачи на гостувањето против Швајцарија која ја победи минимално со 30-29. 
 
На коло прек крајот на квалификациите Данска и Македонија се на првите две позиции со по 8 бодови удри 4 повеќе од Швајцарија, што прктично значи дека дуелите од последното коло нема да променат ништо што се однесува на првите две позиции, а со тоа и пласманот на репрезентациите на европскиот шампионат. 
 
За нашата селекција останува да го одигра уште дуелот против Швајцарија во недела во Скопје, на кој сигурно нема да настапи Дејан Манасков кој на дуелот против Финска се здоби со повреда. 
 
Неофицијално, на натпреварот нема да настапат и капитенот и селектор Кирил Лазаров и неговиот асистент и соиграч Филип Миркуловски, со што Лазаров ќе се обиде да им даде поголема минутажа на помладите кои треба да ја потврдат неговата доверба и повикот во репрезентацијата. 
 
Натпреварот Македонија – Швајцарија ќе се игра во недела (2 мај) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот