-->
-->
Македонските ракометари СП го отвораат против Тунис
-->
Македонската ракометна репрезентација Светското првенство во Франција ќе го стартува со дуелот против селекцијата на Тунис.
Откао вчера ги дознаа противниците на Мундијалот, утрово македонските ракометари и стручниот штаб, го дознаа и распоредот на натпреварите.
Македонија ќе игра во групата Б, чиј домаќин ќе биде градот Мец, а избраниците на Лино Червар на стартот, на 12 јануари ќе ги одмерат силите со Тунис, селекцијата која е голем должник на црнено-жолтите од олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск. Натпреварот ќе се игра во терминот од 17 часот и 45 минути.
На 14 јануари, противник ќе биде аутсајдерот во групата Ангола (20.45 часот), додека два дена подоцна (16 јануари) следи пресметката против Словенија (17.45 часот), во кои еден наспроти друг ќе се најдат ривалите Лино Червар и Веселин Вујовиќ во улога на селектори.
Токму во овие три натпревари Макеоднија ќе треба да ја бара шансата за прогрес во осминафиналната рунда, бидејќи во последните две кола 18 и 19 јануари следуваат дуелите со фаворитите Шпанија (20.45 часот) и Исланд (17.45 часот).
Место во главната фаза ќе обезбедат првопласираните четири селекции, додека пето и шесто рангираните репрезентации ќе играат за пласман на „Президент купот’’.
Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари во Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци