Loading Video...
Тенис
7. July 2022 - 18:10

Македонските тенисерки против Косово во полуфиналето на „Били Џин“ Купот

Женската тениска селекција на Македонија се пласира во полуфиналето „Били Џин“ купот или поранешниот Федерејшн куп
 
Македонските тенисерки ја остварија и втората победа во групата 3 од Евро-африканската зона на „Били Џин“ купот чии натпревари се играат на терените на ТК Југ во Скопје. 
 
Нашите тенисерки денеска беа подобри од селекцијата на Јужна Африка со 2-1 во мечеви. 
 
Во поединечна конкуренција Магдалена Стоилоквска беше поразена од Хајке Јансе Ван Вурен  2-6 и 0-6, додека Лина Ѓорческа со идентичен резултат 6-2 и 6-0 ја победи Шанел Симондс.
 
Во решавачкиот трет меч во игра на двојки нашите тенисерки против истите противнички, иако го загубија првиот сет со 3-6, сепак следните два ги добија со 6-3 и 6-2, за со конечни 2:1 во сетови да го добијат мечот и комплетно пресметката со Јужноафриканките, а со тоа и пласман во полуфиналето.
 
По комплетирањето на натпреварите во сите групи, попладнево беше извршена и ждрепката, која на нашите тенисерки за противнички во полуфиналето им ги донесе претставничките на Косово.