Македонија
28. May 2020 - 16:46

Македонските туристи, освен во Црна Гора засега нема да можат да патуваат и во Хрватска

Хрватска деенска  ги отвори границите за десет земји, но не и за Македонија.  На листата пожелни од регионот е само Словенија. Неодамна сличен список објави и Црна Гoра. Повторно македонските граѓани не се мегу оние за кои црногорските власти планираат да ги отворат границите од први јуни. Македонските туристички работници се надеваат дека одлуката на Подгорица ке се промени, а списокот продолжи.

Грчкиот министер за туризам во интервјуто за Антена најави дека до крајот на месецов ке ја имаат листата на земји кои од 15 јуни ке можат да патуваат за во Грција без особени формалности, но ќе бидат проверувани по случаен избор. Од македонските туристички агенции велат дека грчките плажи остануваат број еден дестинација за нашите грагани. Иннформираат дека здравствените протоколи  во Грција се познати и тие ке мора да се почитуваат.

Македонските туристи се заинетерсирани и за Бугарија и Турција. Но, неизвесно е не само отворање  на границите, туку и  аеродромите.