Макрон и Путин ќе се сретнат денеска во Версај

Борбата против тероризмот и конфликтите во Сирија и Украина ќе бидат главна тема на денешните разговори меѓу претседателите на Франција и на Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин во Версај.
Во сириската граѓанска војна Париз и Москва поддржуваат две спротвиставени страни, но сепак имаат заеднички став дека терористичките групи, како што е Исламска држава (ИД), треба да бидат уништени.
Русија воено му помага на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Франција е главен поддржувач на опозицијата во Сирија. Во предизморната кампања Макрон заземаше поостра позиција кон Русија во споредба со своите противкандидати.
Во Версај утре ќе биде отворена изложба со документи, кои се поврзани со посетата на рускиот цар Петар Велики на Франција во 1717 година, кога се воспоставени дипломатските односи меѓу двете држави.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
