Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја со Русија за завршување на војната, предупредувајќи дека „мирот што е капитулација“ би бил „лоша вест за сите“, вклучително и за САД.
„Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е искрено, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот врз таа основа.
После тоа, на Украинците им останува да преговараат со Русија“, рече Макрон во интервју за Фајненшл тајмс“.
Макрон додаде дека Трамп создал „прозорец на можности“ да се постигне решение преку преговори во кое „секој мора да ја игра својата улога“, додавајќи дека сега е на Зеленски да разговара за прашањата за територијата и суверенитетот.
Тој посочи дека. на меѓународната заедница, со специфична улога на Европејците, е да разговара за безбедносните гаранции и пошироко за безбедносната рамка за целиот регион“.
Макрон го опиша враќањето на Трамп како „електрошок“ што треба да ја натера Европа да си ја обезбеди својата иднина, како и онаа на Украина.
Во средата, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше за војната одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски и им нареди на американските власти да започнат преговори за ставање крај на речиси тригодишниот конфликт.
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
