Макрон тврди дека на државата не и е потребен нов „локдаун“ за невакцинираните
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на неговата земја не и треба „локдаун“ на луѓето кои не се вакцинирани против коронавирус поради успехот на здравствениот сертификат во намалувањето на стапката на ширење на инфекцијата.
– Оние земји кои воведуваат карантин за невакцинираните се оние кои не воведоа здравствена пропусница. Затоа, таков чекор не е неопходен во Франција, изјави Макрон.
Во Франција, медицински сертификат – доказ за вакцинација, потврда за прележан коронавирус или негативен резултат од тест – е потребна од летото за влез во кафулиња, ресторани, културни и спортски места, за возови на долги релации и други летови.
Австрија и Германија деновиве воведоа ограничувања за невакцинираните.
Во интервјуто, Макрон рече дека се уште чека препораки од здравствените власти за тоа дали треба да се даде трета доза вакцини.
Ново на Сител
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија