Loading Video...
Ф1
12. јуни 2022 - 16:20

Макс Верстапен победник на Големата награда на Азербејџан

 
Низ улиците на Баку попладнево се возеше осма трка во Формула 1 шампионатот и тоа за Големата награда на Азербејџан.
 
Актуелниот светски шампиопн Макс Верстапен најдобро се снајде и стигна до својата пета победа сезонава. Холанѓанецот ги искористи пред се проблемите на двата болиди на Ферари кои не ја завршија трката и со побеќе од 20.секинди преднмост ја заврши трката пред тимнскиот колега Серхио Перез. 
 
Зад болидите на Ред Бул завршија двата болиди на Мерцедес. Џорџ Расел го комплетираше подиумот оставајќи го на 4.место сонародникот Луис Хамилтон
 
Ваквиот екилог на трката му донесе дополителна предност на Верстапен во генералниот поредок, во однос на конкурентите, па сега Холанѓанецот,кој е лидер, има 150 бод. Неговиот тимски колега Мексиканецот, Перез, се проби на втората позиција со 129 бодови, а Леклерк кој остана на 116 бода сега е трето пласиран.  
 
Следната девета трка во Ф1 првенството ќе се вози веќе наредниот викенд и тоа на патеката Жил Вилнев за Големата награда на Канада.