Македонија
6. December 2019 - 19:12

Максим Ацевски предложен за прв човек на државниот завод за ревизија

По две со празна фотелја,  Државниот завод за ревизија ќе добие нов директор. Максим Ацевски е предлогот за кој конечно се усогласи Комисијата за избори и именувања во Собранието

Ревизија немаше директор скоро две години а од почетокот на октомври остана и без вршителот на должност кому исто така му истече мандатот па вработените се соочија со ситуација во која немаше кој да им ја потпише месечната плата. Мотив плус партиите да се договорат ревизорот со 20 годишно искуство да стане директор е и фактот дека се ближат избори кои ќе биде невозможно да се спроведат без заводот за ревизија.
На денешните седници беа избрани повеќе директори на државни агенции, а пратениците го одбија и барањето за апанажа на Катица Јанева.