Малата Џулија спасена по 17 часа минати под урнатините

Спасителите буквално врескале од среќа кога од под урнатините го извлекоа живо девојчето во Пескара дел Тронто, едно од градчињата кои земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихер ги срамни со земја.
Спасителот кој го пронашол девојчето изјави дека „17 часа по потресот слушнал глас под рушевините на семејна куќа“.
-Слушам нешто од долу, рече волонтерот и сосед по што ги повикал пожарникарите.
Еден спасител ги замолил сите присутни да замолчат и го слушнал гласот на девојчето кое 17 часа била под урнатините на својата куќа.
Соседот почнал да ја довикува по име „Џулија, ајде Џулија“, по што спасителите го извлекле девојчето живо, а настанот бил проследен со аплауз и радосни извици.
Малечката Џулија 17 часа помина под урнатините. За среќа немала сериозни повреди.
Надеж дава и судбината на две момчиња, на возраст од четири и седум години кои ги спасила бабата. Децата се спасени со брза и мудра одлука на бабата која ги бутнала под кревет на првиот знак на тресење на куќата, наведува Ројтерс и додава дека земјотресот го преживеала и бабата, но останала без сопругот.
Спасувачките операции се во тек, а од многу рушевини се слушаат крици од деца. Жителите помагаат и со голи раце ги копаат урнатините на тие места.
Ново на Сител
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
