Македонија
22. August 2024 - 17:40

Малолетник и двајца мажи тепале битолчани кои им должеле пари

Малолетник и двајца мажи тепале тројца мажи поради нерасчистен долг.

- На 21.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Д.(23) од Скопје пријавил дека околу 20.20 часот на подрачјето на Драчево, тој, И.А.(53), Л.Т.(56), двајцата од Скопје и С.А.(23) од Битола, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, биле физички нападнати од С.П.(40) и малолетник, двајцата од с.Волково, скопско и Г.С.(48) од с.Радишани, скопско, кои употребиле и тврди предмети, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.