Македонија
20. July 2024 - 16:53

Малолетник силувал малолетничка со која живеел вонбрачно

Вчера постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од Полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката, соопшти МВР.

Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.