Манафорт обвинет дека со руски колега пишувал коемнтар за својата работа во Украина

Американскиот специјален обвинител Роберт Мјулер, кој ја истражува наводната вмешаност на Русија во ланските претседателски избори во САД, го обвини поранешниот шеф на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, Пол Манафорт дека со руски колега пишувал статија-коментар за својата политичка работа во Украина.
Во судски документи, обвинител од тимот на Мјулер пишува дека Манафорт последен пат на статијата работел на 30 ноември. Ако материјалот бил објавен, тоа би било прекршување на судската наредба од 8 ноември со која на поранешниот помошник на Трамп му е забрането јавно да зборува за случајот.
Рускиот колега, чие име не е откриено и кој заедно со Манафорт работел на статијата, има врски со руски разузнавачки агенции, стои во документите.
Пиради активностите на Манафорт, обвинителите побарале од судијата кој е назначен на случајот, да ја отфрли неговата молба за промена на условите за негово ослободување со кауција.
Поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп предложи да даде како гаранција 11,65 милиони долари во замена за домашниот притвор и електронскиот мониторинг. Портпаролот на Манафорт досега ја нема коментирано оваа информација.
Пол Манафорт, поранешниот шеф на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп, и неговиот помошник Рик Гејтс, се обвинети за контакти со проруска организација од Украина, која била поврзана со соборениот украински претседател Виктор Јанукович.
Конкретните обвиненија против нив се заговор против САД, перење пари, криење на странски донации и банкарски трансфери и неовластено претставување на странски држави во САД, за што на Манафорт вкупно му се заканува затворска казна од 80, а на Гејтс од 70 години.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
