Loading Video...
Фудбал
11. January 2022 - 14:07

Манчестер Јунајтед последен патник во 1/16-финалето на ФА Купот

Екипата на Манчестер Јунајтед е последниот патник во 1/16-финалето на ФА Купот. 
 
„Црвените ѓаволи“ пред својата публика на „Олд Трафорд“ забележа минимална победа во дуелот со Астон Вила со 1-0. 
 
Стрелец на победничкиот гол беше Шотланѓанецот, Скот Мектоминај уште во осмата минута од натпреварот. 
 
Јунајтед за место во осинафиналето ќе се надигрува со Мидлсборо и тоа на домашен терен на 5 февруар, за кога се закажани дуелите од 1/16-финалето на ФА Купот.