Фудбал
10. August 2024 - 19:43

Манчестер Сити со трофеј ја отвори новата сезона

Екипата на Манчестер Сити се закити со првиот трофеј сезонава, откако триумфираше во Комјунити шилд (англискиот Супер куп) против Манчестер Јунајтед по подобро изведување на пеналите.

По првото полувреме немаше голови, а во 82 минута Јунајтед поведе со голот на Гарначо. Сепак, изедначувањето стигна седум минути подоцна со гол на Бернардо Силва.

По 90 минути беше 1:1 и веднаш се премина кон изведување на пенали.

Во првата серија промаши Силва, па Јунајтед имаше предност се до четвртата серија кога промаши Санчо. Потоа се играше гол за гол се до осмата серија кога Џони Еванс промаши, а потоа Аканџи погоди за 7:6 и победа на Сити.