-->
-->
Манџукиќ се откажа од мартовската плата, Милан ќе ја донира
-->
Поранешниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација Марио Манџукиќ одлучи да се откаже од платата за минатиот месец во кој не одигра ниту еден натпревар за италијанскиот прволигаш Милан поради повреда, а неговиот клуб најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.
Манџукиќ дојде во Милан во јануари, а по повредата на крајот од февруари беше надвор од теренот два месеци.
– Овој потег на Манџукиќ е само доказ за негова етиката и професионализам – изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.
Според италијанскиот печат, месечната плата на Манџукиќ изнесува 300.000 евра, а Милан парите ќе ги донира на фондација која поттикнува проекти за помош на ранливи категории млади луѓе во социо-економска и образовна смисла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата