Македонија
26. February 2020 - 17:02

МАНУ годинава ќе ги хармонизира односите со Бугарската академија нарушени со негирањето на македонскиот јазик

Продлабочување на соработката  со Бугарската академија на науките е дел од програмата на МАНУ  за оваа година. Новиот претседател    Љупчо Коцарев најави дека македонската академија преку дијалог и проекти  ке се обиде да ги хармонизира  односите со бугарските академици, откако лани БАН го негираше постоењето на македонскиот јазик. Тој смета дека  идејата за ЕУ треба да ги обедини балканските држави, кои традиционалнио се разединети во своите толкувања на историјата. Коцарев забележува дека ваквиот процес веке е почнат, особено кај некои мислители во Бугарија.

-Еве што напиша бугарскиот историчар Дечев – Гоце и неговите соборци за себе мислеле во тогашниот контекст како Бугари , но имале и една целосно македонска кауза, ја разбирале Македонија како своја татковина....

Сепак,  Гоце Делчев останува камен на сопнување во работата на македонско бугарската комисија за историски и образовни прашања. Таа до изборите ке   паузира, но двете страни се во контакт,  објаснува шефор на македонскиот тим.

Расправата за тоа чиј е Гоце Делчев за некои академици е беспредметна, бидејки се работи за наднацинална фигура.

На редовното  годишно собрание на МАНУ беше констатирано дека се потребни реформи во образованието и унапрењдување на издаваштвото како темели на секое демокартско општество.