Спорт плус
10. August 2024 - 12:05

Маратонецот Дарио Ивановски на 69. место на Олимписките игри во Париз

Маратонецот Дарио Ивановски на 69. позиција го заврши маратонот на Олимписките игри во Париз.

Во конкуренција со 81 натпреварувач, Ивановски истрча за 2 часа, 28 минути и 15 секунди, и со тоа стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.

Новиот олимписки шампион е Тамират Тола од Етиопија, кој ја заврши трката со 2:06,26. На второто место е Башир Абди од Белгија, а на третото Бенсон Кипруот од Кенија.