Марија Шарапова: Не поминав на антидопинг тестот во Австралија
Петкратаната победничка на Гренд слем турнирите, Марија Шарапова, призна дека не поминала на антидопинг тестот за време на Отвореното првенство на Австралија во јануари годинава.
Анализата што и била направена, покажала дека таа ја користела супстанцата „мелдониум“, што ја земала од 2006 година поради здравствени причини.
Шарапова е привремено суспендирана од Меѓународната тениска федерација, почнувајќи од 12 март и сега ја очекува натамошната разврска за нејзниниот случај и определувањето на казната.
- Не поминав на тестот и за тоа само јас сум целосно одговорна, изјави Шарапова на прес-конференција во Лос Анџелес.
Таа откри дека во изминатите десет години го користела лекот „милдронат“, што и го препишал нејзиниот семеен лекар, но дури по применото писмо од Меѓународната тениска федерација за резултатот на тестот, првпат дознала оти препаратот е познат и под името „мелдониум“, што се наоѓа на листата на забранети супстанци.
- Направив голема грешка. Знам дека ме очекуваат последици поради тоа, но не сакам да ја завршам кариерата на овој начин, рече Шарапова.
Руската тенисерка која следниот месец ќе наполни 29 години, првпат победи на еден Гренд слем турнир во 2004 година, кога имаше само 17 години, со триумфот во Вимблдон. Наредната година, таа беше рангирана како најдобрата тенисерка во светот.
Шарапова би можела да биде казнета до четири години забрана за настап, што би значело и крај на нејзината професионална кариера.
Неколкумина натпреварувачи, меѓутоа, беа казнети за користењето забранети средства, па се вратија на тениските терени, како што тоа се случи со Хрватот, Марин Чилиќ, српскиот тенисер Виктор Троицки и Чехината Барбара Стрикова.
Пред нив проблеми со недозволените супстанци и со суспензија имаа и некогашнети рекети број еден - Американецот Андре Агаси и Швајцарката Мартина Хингис.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд
-
Кина ја отфрли понудата на Трамп за царински олеснувања во замена за продажба на ТикТок
-
Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план
-
Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции
-
Уапсен 55 годишник од Куманово, при претрес пронајдени се дрога, остри предмети, пушка и куршуми
-
Симулациска вежба за спречување чума кај малите преживари во Северна Македонија
-
Фатени крадци на дело во неготинско
-
Бројот на повредени во нападот врз Харков се зголеми на 21