Свет
1. January 2016 - 10:58

Марин напаѓа

Економист - Лондон

2016 година може со сигурност да одреди кој ќе стане следен претседател на Франција. Иако нема да има избори се до 2017 година, првиот круг може да се случи во 2016. Причината за ова е сеизмичкиот подем на Марин Лепен, лидер на популистичкиот Национален фронт (ФН). Освен ако расположението радикално не се пресврти, таа има големи шанси да избие на врвот на првиот круг од гласањето во 2017 година. Тоа ќе ја претвори 2016 во трка за да се дознае со кого таа ќе се соочи - а со тоа и кој ќе го наследи Франсоа Оланд.

Лепен годината ќе ја почне освежена од силниот успех од локалните избори од декември за 13-те нови региони во Франција.Таа најмногу се надева дека ќе преземе барем два од левичарите: Норд-Па де Кале-Пикарди и Прованс-Алпс-Котдазур. Победа во било кој од двата ќе ја потресе Франција, и ќе и обезбеди локална лабораторија во која ќе ги покажува своите политики и тоа ќе биде ласен мегафон кој ќе ги пренесува нејзините пораки. Се ќе се врти околу одбрана на Франција: сувереноста (од Брисел), границите (од мигрантите), индустријата (од глобализацијата) и секуларниот карактер на државата (од исламизација).

Продолжувањето на проблемите во Европа во врска со бегалците како и со еврото, директно и одат во корист на Лепен. Таа ќе ги искористи амбиваленните чувства на французите во врска со мигрантите, со проблемите во Калаис како „доказ број еден“ ако стане претседател на овој северен регион. Тоа ќе ја измести владеечката Социјалистичка партија можеби кон пожестоки разговори во врска со ограничување на мограцијата од страв заради да не се претстават како премногу меки. И тоа ќе ги разшести антиемигранстките дебати од центарот кон десно. И двете мејнстрим партии ќе почувствуваат мака да го разбудат народниот ентузијазам потребен за да се спротивстават на нејзиниот подем.

За десноцентристите, од скоро именувани Републиканци, годината ќе започне на два фронта. Шефот на партијата, Никола Саркози, ќе ги иркосити тесните победи на регионалните избори да се постави како вистински лидер. Сепак, тој веќе вети отворени внатрепартиски избори помеѓу регистрираните поддржувачи во ноември 2016 за да се избере кандидиат кој ќе биде иоминиран за претседател. Помеѓу неговите ривали ќе биде Франсоа Филон, поранешен премиер, и Бруно Лемиаре, поранешен министер за Европа. Но рката ќе се сведе на натпревар помеѓу Саркози и Алан Жупе, кој беше премиер пред 20 години.

Саркози има енергија и идеи, но ќе биде дволична фигура заради неговиот отровен стил и десничарската линија која ќе ја користио во обид да си ги поврати гласачите кои му ги зема ФН. Жупе е поумерен десноцентристички насроен и е фаворит на елитата, но во годината кога тој ќе наполни 71 година, негова мака ќе биде прво да го здобие довербата на масата.

Најсилната надеж на левицата е да ја избегнат маргинализацијата. По болниот пораз на регионалните избори, шансите за Оланд нема да се подобрат. Тој изјави дека ќе се кандидира само ако невработеноста падне. Кога се очекува порастот на БДП во 2016 да дојде до 1,5 проценти, ова можеби и ќе се случи. Но ќе биде предоцна да се убедат неговите заблудени бирачи дека тој ќе си го одржи зборот. Даноците ќе останат високи. Јавниот долг стопроцентно ќе се изедначи со БДП. Дури и слабата популарност на мануел Валес, неговиот реформистички премиер, нема да го спаси претседателот. Годинава ќе донесе повеќе манверирање помеѓу ривалите на Оланд на левата страна.

Ако Оланд и Саркози избијат како двајца мејнстрим кандидати во 2017, како што беа во 2012, французите ќе бидат разочарани. Тоа ќе ги оттргне младите гласачи од политиката. Тоа може да им даде голема шанса на кандидати аутсајдери кои ќе се појават во последен миг (Кристин Лагард, евентуално?!) и уште повеќе ќе ја засили антиелитистичката позиција на Лепен.

Стартување и почеток

И покрај силно поделеното мислење, ќе има и посветли моменти посебно кога Франција ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство 2016 во јуни. Исто има знаци за будење на култура на нови бизинси, и се повеќе французи ќе тргнат да го освојуваат светот, како што е БлаБлаКар, услуга за превоз/споделување на патници, или Дизер за стриминг музика. Нова генерација е поподготвена да ги преземе ризиците и да исфрли иновации. Емануел Макрон, министерот за економија, ќе претстави нов закон за да се отвори дигиталната економија на непокорните претприемачи.

Надвор, Франција ќе се гледа како помлад партнер на Германија во Европа. Но тоа ќе доведе до толку бараната поддршка за заеднички напади против Исламска држава во Ирак, и се повеќе во Сирија. И ќе продолжи да изигрува жандарм против џихадизмот во африкански Сахел. По постигнатиот пристоен успех, Лорен Фабиус, министерот за надворешни работи, најверојатно ќе се повлече (исто како и Мишел Сапин, министерот за финанси). Солидна замена за двете позиции би бил Бернар Казњев, разумниот министер за внатрешни работи. Но жестоката надворешна политика на Оланд нема да успее да го затскрие неговото избледено водство дома.