Марс каков што досега го немате видено
НАСА објави панорамска снимка со висока резолуција на Марс, направена од роверот „Кјуриосити“.
Спектакуларните панорамски фотографии се направени во највисока резолуција досега, со 1,8 милијарди пиксели и повеќе од 1.000 фотографии.
Ова е најголемата досега снимена фото резолуција на Марс, и сигурно сте ја немале видено Црвената планета во вакво издание претходно.
За овие панорами на Марс, тие користеле специјална камера „Маст“.
Благодарение на специфичната атмосфера на Марс, панорамата јасно покажува планини оддалечени повеќе од 80 километри, кои неверојатно потсетуваат на слични пејзажи на нашата планета.
Панорамата била снимана за време на Денот на благодарноста минатата година, а снимањето траело четири дена.
Роверот „Кјуриосити“ во 2012 година успешно слета на Марс и тргна во мисија за која е непознато кога ќе се заврши.
Патувал повеќе од 50 километри на Марс и испратил над 224.000 фотографии.
Марс е четврта планета во Сончевиот систем и е именувана по римскиот бог на војната.
Марс има Олимписки месечини. Тоа е најголем изумрен вулкан на планетата и досега втора највисока планина во Сончевиот систем.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга