Масовна посетеност на саемот и голем интерес за „Купи куќа, купи стан“

Саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол за три дена го посетија илјадници граѓани заинтересирани за проектот, кој нуди владина помош при решавање на станбеното прашање во вид на субвенции на станбен кредит.
На саемот, освен Министерството за финансии, изложуваат и 20 компании - градежни фирми со понуда на станови и банки преку кои може да се земаат станбени кредити во рамки на проектот.
- Во процес на барање на стан сме. Сакаме да аплицираме за „Купи куќа, купи стан'' бидејки субвенциите изнесуваат по неколку илјади евра - или како дел од учеството или како дел од ратата. Тоа е голема помош за почеток, бидеќи ќе ни останат пари да го опремиме станот, вели Ива Стојановска од Скопје.
- Добра е идејата на исто место да се стави понудата на станови, банките и луѓето од проектот ''Купи куќа, купи стан''. Наместо неколку дена шетање по градежници, банки, до Финансии, тука сите информации ќе ги добиете за еден час. Има добра понуда на станови и убави попусти. Видов станови на атрактивни локации во Скопје кои се нудат за 900 евра за квадрат. Има и поефтини станови за 750 евра за квадрат, вели Димитар Стојановски од Скопје.
Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до утре, 1 ноември. Проектот, пак, продолжува и 2016 година.
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
