Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците низ Германија синоќа за да повикаат на „силна социјална држава“ и да го изразат своето противење на планираните намалувања на државните трошоци, јави ДПА. Синдикатите соопштија дека вкупно 175.000 луѓе учествувале во протестите, кои се проширија во многу градови низ земјата.
Во говорот во Есен, лидерката на Германската конфедерација на синдикати (DGB), Јасмин Фахими, ги критикуваше плановите на владата на канцеларот Фридрих Мерц за реформи на трудот и пензиите и предупреди на негативното влијание од намалувањата на социјалната помош.
Под слоганот „Тешко заработено! Твоја работа. Твое здравје. Твоја пензија“, демонстрантите маршираа низ центрите на 15 големи германски градови.
Сигурни работни места, добри услови за работа и заштита на правата на работниците се во прашање, нагласија синдикатите во соопштението.
Според полициските власти, помеѓу 20.000 и 25.000 луѓе протестираа во Нирнберг, околу 12.000 во Есен и околу 15.000 во Франкфурт на Мајна. Во Хановер имаше околу 13.000 демонстранти, во Штутгарт 16.000, во Фрајбург 4.500 и во Берлин 5.500. Митинзи на кои присуствуваа илјадници луѓе се одржаа и во Хамбург, Кил, Росток, Магдебург, Лајпциг, Ерфурт и Сарбрикен.
Масовните демонстрации доаѓаат во услови на загриженост за безбедноста на работните места во голем број сектори, како што е автомобилската индустрија.
МИА
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
