Матис: Путин се обидува да го разбие НАТО
Пензионираниот американски генерал Џејмс Матис, кого новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра за нов шеф на Пентагон, денеска во пишано сведочење пред Конгресот наведе дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да „го разбие НАТО“ и дека Кина ја уништува довербата кај своите соседи.

„Во овој момент најважна работа е да ја признаеме реалноста на тоа што се соочуваме кога е во прашање господинот Путин и да признаеме дека тој се обидува да го разбие Северноатлантскиот сојуз“, наведе Матис, пренесуваат француските медиуми.
Матис кажа дека САД мораат да преземат „дипломатски, економски, воени и чекори поврзани со Алијансата“, работејќи со своите сојузници за да се одбранат таму каде мораат.
Тој наведе и дека САД мораат да бидат подготвени да се спротистават на однесувањето на Русија во подрачјата во кои двете земји не можат да соработуваат.
Матис, кој во случај на позитивно мислење на американскиот Конгрес, ќе стане новиот министер за одбрана на САД, денеска требаше лично да се појави пред конгресмените на што самиот лично се согласи, но транзицискиот тим на Трамп вчера одеднаш го отажа доаѓањето на Матис во Конгресот.
Британските медиуми пренесуваат дека од тие причини пишаните одговори на прашањата на конгресмените им беа доставени на членовите на Комитетот за вооружената служба на Сенатот, кој во утринските часови по вашингтонско време ја почна својата работа на сослушување.
Меѓу предизвиците кои ги постави Русија тој ги наведе руското учество во хакирањето и војната со информации во текот на предизборната кампања за шеф на Белата куќа.
Потенцијално новиот шеф на Пентагон, исто така, кажа дека „Кина ја уништува довербата долж својата периферија“, а француските медиуми потсетуваат дека засилувањето на воените капацитети на Кина во Јужно Кинеско Море ја поттикнуваат тензијата меѓу Пекинг и соседите во регионот, како и со САД.
Ново на Сител
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
