Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
Во населба во северниот дел на Атина, утрово беше пронајден 54-годишен маж смртно ранет со огнено оружје во автомобил, а според првичните неофицијални информации, бил застрелан со најмалку 15 куршуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Веројатно мажот бил убиен од непосредна близина, од лице кое се превезувало на мотор, а сè уште е непознато дали имал и соучесник.
Убиството се случи кусо пред 8.30 часот утрово, а жртвата заедно со уште едно лице имале фирма за топографски студии.
Според аудио материјалот од безбедносна камера што го објавија грчките медиуми се слушаат околу 15 истрели, мала пауза и уште неколку истрели, што упатува на мафијашка ликвидација.
Причините и мотивите за убиството засега се непознати, а во тек е истрага на полицијата.
Весникот „Катимерини“ пишува дека според нивни информации, 54-годишниот пред неколку години во полиција пријавил дека бил физички нападнат.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја