-->
-->
Мбапе доби понуда од милијарда за преселба во С. Арабија
-->

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, во клубот Ал Хилал од Ријад.
Светските медиуми претходно објавија дека Ал Хилал испратил понуда до Пари Сен Жермен вредна 300 милиони евра за една година.
Како што дознава англиски Сан, францускиот клуб ја прифатил оваа понуда, и му дал дозвола на арапскиот клуб да разговара со играчот за неговите услови.
Мбапе има уште една година од договорот со парижаните. Неговата желба е да замине во Реал Мадрид, но клубот не му дозволува. Компромисот може да биде Мбапе да помине една година во Арабија, а Ал Хилал му нуди неверојатни 700 милиони евра за една година!
Трансферот на Мбапе би го надминал рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
