Loading Video...
Ракомет
18. October 2019 - 19:56

Мечот со Татран во Битола значаен тест за „четата“ на Алушовски

Ракометарите на Еурофарм Работник се пред нов испит. В недела од 17ч во Битола во меч од ЛШ го пречекуваат Татран Прешов што е убава можност да се оствари втората победа во  елитното натпреварување.
Првиот стратег на битолчани Стевче Алушовски најави интересен дуел без потценување на противникот иако Татран е без победа досега.
„Во подобра состојба сме од пред натпреварот со Кокс кога бевме уморни. Имаме повредени играчи но сепак очекувам добар натпревари и победа.  Состојбата на табелата не ја покажува силата и квалитетот на Татран во чии редови играат неколку шпански и хрватски интернационалци“- изјаву на денешната прес-конференција Алушовски.