„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп
![]()
Наградуваниот македонски документарен филм „Медена земја“ од четврток до 22 овој месец од 20 часот ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стоун“.
„Медена земја“ со победа во три категории на почетокот од годинава триумфираше на филмскиот фестивал „Санденс“, а е во трка и за најдобар документарец на Европските филмски награди. „Медена земја“ е и македонски кандидат за „Оскар“.
Според правилото за баланс со природата „земи половина од медот, половина остави за пчелите“ се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената.
Познатата холивудска актерка Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм профил напиша дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“.
– „Медена земја“ е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска, а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!, напиша Паркер.
Освен во кино-салите во Македонија, филмот деновиве се прикажува и во САД, Велика Британија и Ирска.
Режисери на „Медена земја“ се Љубо Стефанов и Тамара Котевска, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, продуцент и монтажер е Атанас Георгиев, а музиката е на групата „Фолтин“. Протагонисти се Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам и Музафер Сам.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
