Меџити: ДУИ го прекрши договорот „Победник со победник“ но по овие избори не може да има влада во оваа земја без албанскиот победник
Точно е дека ДУИ го прекрши Договорот за „Победник со победник“ на изборите, но тоа треба да остане во минатото. Потпретседателот на „интегративците“ вели дека не треба да се живее во минатото и на сите треба да им биде јасно дека во оваа земја не може да има Влада без албанскиот победник на изборите
“ДУИ како најголема Албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има Влада во оваа земја без албанскиот победник на демократските избори. Албанскиот претставник во Владата го определува волјата на Албанците а не волјата на сојузите и канцелариите. “ – вели Меџити
Тој вели дека улогата на ДУИ која на последните избори ги прекрши своите принципи и влезе во коалиција со СДСМ не треба да се заборави, но во исто време треба да се остави во минатото.
„Не треба да се заборави клучната улога на Али Ахмети и ДУИ кои што делуваа спротивно на спротивно на својот принцип „победник со победник“ и на многу принципи и иако ги изгубија парламентарните избори, отидовме со СДСМ со визија која денеска се покажува дека е реалност. Со визија, направивме над потребното за денеска С. Македонија да биде дел од НАТО и да се отворат преговорите со ЕУ“ – вели Меџити
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата